Софија Тренчовска

Заокружен е осмиот годишник од Проектот Растко - Македонија (VIII/2014)

Навистина ми е драго што се навршија осум години од покренувањето на ова ова Ваше и наше електронско издание „Проект Растко – Македонија".

Сакам да изразам благодарност до претседателот на Културната мрежа „Растко" Зоран Стефановиќ од Белград, кој воедно е иницијаторот, Македонија да стане дел од групата Европски дигитални библиотеки кои ги обединува културна мрежа „Растко".

Три годишни развојни фази беа потпомогнати од Министерството за култура на Македонија, како издавачки проект кој е од национален интерес за нашата држава.

Особено сакам да се заблагодарам на сите писатели и творци кои со отстапувањето на своите дела придонесоа за збогатување на содржините на овој наш книгоиздателски веб-сајт.

Од нашето прво појавување во интернет етерот досега, со заокружувањето на осмиот годишник (VIII/2014) на „Проектот Растко - Македонија", дигитално се објавени околу 500 наслови, обработени се над 15.000 страници текстуален материјал и опфатени се околу 200 авторски имиња. Веќе осум години без престан, интегрално се објавуваат книжевни дела, фрагменти и избори од творештвото на значајни македонски писатели, ретки дела на македонски јазик, како и дел од творештвото на роднокрајни автори.

Редовни посетители и корисници на нашата веб страница се пред сè учениците, студентите, научниците и истражувачите, и се разбира сите останати љубители на македонскиот пишан збор, од разни страни на светот.

Започнатата мисија за културна афирмација и промоција на македонската книжевност и култура ја продолжуваме и понатаму, со надеж дека нашата дигитална архива ќе расне уште повеќе и ќе се збогатува со нови книжевни дела од македонската продукција.

И на крајот, топло им препорачувам на сите читатели слободно да го користат и читаат „Проектот Растко - Македонија" на адресата http://makedonija.rastko.net/index.php

 

Пројекат Растко / Проект Растко Македонија