Ристо Цасконоје

15 сведоци

(акростих)

1.
Толпата предводена од жед за мрак
Елеј плиснат кон нив до последна капка
Оросува проклетници до запир
Дворецот затскриен пред невиделица
Отвора врата за достоинство и чест
Радувајќи му се на плачот од утроба.


2.

Тишината во туѓо и грозно име
Идолите ја распнуваа до зло
Молкот гневен прогонува око
Оставајќи зад себе надеж и спас
Тагата ја скрил во себе, како
Епископ тивериополски на силен глас
Јадот народен го зел како свој.

3.

Подлиот со збеснето сечило
Еднострано разнесол тело од светлина
Тајната носена од отсечената десница
Анастасија ја повика во скут од солзи
Распнувајќи им го мракот на жената од раѓање.

4.

Јатото преплашено од камшикот на лагата
Охрабрено од доброто што ни пред смрт коленичи
Вдаден со радост во братско стадо
Алчно заграбува од планинскиот врв
Немоќно да се скрие од недогорлива свеќа.

5.
Светлина приготвена од добриот извор
Еднострелно влетува во тајниот сомнеж
Разградувајќи бунило пред двоумење
Гладта понесена од нивниот сјај
Изодила чекор кон вековна надеж
Јавајќи ревно по повикот утешен.

6.

Тајната ја дарува пред народна жед
Епископ, прв, носител на благоста
Осветлувач на дувлата со суровост
Држејќи го чекорот од кој е зачнат
Одблесокот патува до и низ нас
Радоста не пресекува ни пред семожната надеж.

7.

Намножената цена од благозборот на изгубените души
Искрела само во страста на самогордите
Крвта, спасителка, го рекла зборот
Историјата расквасена од, ѕверовите:
Филип и Валентја огрешиле до дно
Острината на злобата потонала во непознатото
Родот распнат тргнал под знакот на Водачот.

8.

Евангелиската вест разгласена тивко
Вслушува низ сечиј прозорец
Страницата пред окото на Исус
Е мерило на доброто заради доброто
Возгласениот судија ќе прозбори гласно
Исцедувајќи ја вистината меѓу згуснати мигови
Јадрото пред зборот на вечниот се вземјува.

9.

Товарот оставен во град со ѕвезден плач
Оплакува небо со изгубена боја
Милостивиот слуга прифаќа гром
Астраион го дарува името Тивериопол.

10.

Вкоренет во, од некој, заречен дар
Анатемата му е ветена, го изгуби ли
Слуга бил и останал под се
Иглениот врв му бил преголем дом
Луѓето ги лекувал со пример и глад
Испосникот го крепел чист пост, со
Јазол пред волјата на барателот.

11.

Каменот го проколнува мечот
Обдарениот војник со око го разнесол
Молитвата пресекла здивено барање

12.

Анархично ни простор преполн со темнини
Сеејќи повици во миг гревосан
И словото го фрлил пред крстот Исусов
Јавувајќи за вистината низ тивериополијата.

13.

Јулијанов стрв фрлен пред глутница
Есенското студенило покрило дно од чаша
Рикнал во очите на верата
Ограбена од  двојка извршители
Трилемата ја фрлиле пред сопствена лакомост
Ембрионот на злото го отелотвориле
Јеротеј, од петнаесеттите, го прифатил врз него.

14.

Храната нерасиплива живот  му дала
Адамовата смрт како извор прв
Ранила душа од туѓа благодат
Искушението ни пред смрт не дало знам
Тајната вкована врз зракот на трпението
Останала сенка да следи достоен од
На монахот и пред ножот на Јулијан.


15.

Денот не ќе е ден пред мечот на менливото
Ако отсечената глава до последен глед
Не верува во вечноста распната низ сеисториското
И тогаш, пак тогаш, само тогаш
Играта на страдањето те исправа, пред
Лекот скриен од самоповиканата смрт.

На Растку објављено: 2012-08-02
Датум последње измене: 2012-09-24 14:08:56
 

Пројекат Растко / Проект Растко Македонија