Конкурс: X Меѓународен фестивал на афоризам и карикатура - Струмица 2009

X Меѓународен фестивал на афоризам и карикатура - Струмица 2009

К О Н К У Р С

Тема:

КАРНЕВАЛ - ЕРОТИКА

АФОРИЗАМ:

  • Во оваа категорија секој автор учествува со збир од најмногу 15 афоризми отпечатени во три примероци, со шифра и со податоци за авторот во затворен плик.
  • Учесниците можат да учествуваат со повеќе трудови од по 15 афоризми, со шифра за секој труд одделно.

КАРИКАТУРА:

  • Во оваа категорија секој  автор учествува со најмногу 3 карикатури работени во техника по избор на авторот и со максимални димензии A/4
  • На секоја карикатура  треба да стојат податоци за авторот на задната страна.

РОК НА КОНКУРСОТ:

  • Краен рок за пристигање на трудовите е 14.02.2009 год.

НАГРАДИ:

  • Се доделуваат три главни награди (златна плакета, сребрена плакета, бронзена плакета) со право организаторот да додели одреден број дополнителни награди

АДРЕСА:

  • Делата се испраќаат на адреса:

НУ Центар за култура "Антон Панов"
2400 Струмица
Р. Македонија

со назнака: 

За конкурсот на афоризам  и карикатурa

АВТОРСКИ ПРАВА:

  • Пристигнатите дела од двете категории остануваат во сопственост на организаторот и авторот, со право на нивна презентација во јавноста, по можност во каталог или во друг вид публикација.

ЖИРИРАЊЕ:

  • Сите дела пристигнати во определениот рок ќе ги разгледа соодветно жири кое ќе ги додели наградите на 02.03.2009 (на Чист понеделник), кога ќе биде организирана изложба и презентација на наградените дела.

КОНТАКТ-ИНФОРМАЦИИ:

  • тел. 034 / 322-182 
  • e-mail: trimerotikon@yahoo.com
На Растку објављено: 2009-01-17
Датум последње измене: 2009-01-17 19:25:30
 

Пројекат Растко / Проект Растко Македонија