Авни Халими

Низ лавиринтите на помнењето

Во истражната соба. Не вообичаена. Подот наликува на шаховска табла. Наспроти вратата, во аголот на таблата, се забележуваат црните фигури на шахот: кралот на Х8, коњот на Х7, офицерот на Г7 и, белите фигури: кралот на Ф7 и кралицата на Г6. Еден дел на едниот sид е со црно стакло. Преку стаклото, одвреме навреме, од еден црвен сигнал се забележува силуетата на иследникот. До вратата, една жолта фасцикла врз која паѓа едно силно светло. Полека се осветлува ЛИРАК облечен во затворски пижами, наслонет над фигурата кралица. На глава носи еден картонски венец. Изгледа замислен.

1.

Одамна, во внатрешноста на една планина, половина час далеку од селото, живееше таткото, мајката и синот. Имаа уште една кобила за која таткото и главата ја даваше. Целиот ден го поминуваше со неа. Ноќе спиеше покрај неа. Слегуваше в село за да купува брашно, а се враќаше со кобилата украсена со џиџи-миџи обесени околу вратот и со сини бисери спуштени преку челото до самата ивица на носот.

“Животно е и не знае да бара”, им велеше! “Додека вие знаете! Знаете да барате, да јадете, да најдете...значи ...излезете и барајте печурки, корени, корки, чај...барајте зашто зимата ќе биде долга!” Мајката постојано беше тажна. Немаше ден што не го отплака! Не поминуваше ден без синот да ја праша зошто тагуваше! Додека таа го имаше истиот одговор што го мачеше синот толку време! Секој ден и кажуваше: “И денес го фатив татко ти качен на кобила!” Синот не се замараше со ова што му го кажуваше мајка му. Таткото не правеше друга работа освен што се занимаваше со кобилата. Мајката ги вршеше домашните обврски додека синот целиот ден го поминуваше покрај изворот, под една грмушка каде се засолнуваше една птица со која тој разговараше! Еден ден му текна да ја праша птицата, дали има можност да им го смени животот, бидејќи, овој живот којшто го живеат веќе не се поднесува.! “Да„, - му рече птицата, - кажете три желби. Тоа што ќе го барате – тоа ќе се направи. Но, после тие три барања никогаш повеќе нема да ме видиш! “Само тогаш, кога ќе си во најлошото, ќе дојдам и ќе ти го земам тоа што најмногу ќе го сакаш ”. Детето се замисли. Тогаш ќе биде пораснат. Татко му што го сака нема да го има. Мајка му тешко дека ќе може да го издржи насилството од татко му. Ќе умре и таа. За кобилата нема да има кој да се грижи. Ќе остане сосем сама во колибата, на сред планина. Ќе го има само животот што може да го сака најмногу од се. Какво значење ќе има животот сам. Птицата ќе дојде и ќе му го одземе животот. Потоа пак ќе се сретнат во другиот живот. И детето се согласи. “Тргни”, - и рече на птицата, - “тргни и заврши си ја својата работа.” Птицата летна во правец на колибата.

2.

ЛЕКАРОТ: Лирак Рап Мали, дваесет и четири годишен, неоженет. Воената служба ја избегнал поради студиите. Завршил само прва година , во Париз. Откога полудел, го донеле тука. Причина за неговото лудило-сеуште непозната. Во последно време се забележува едно значително здравствено подобрување. Има прекини во помнењето... (Му се обраќа на Лирак) И, се повика на помнењето, а! Се потсети на нешто?

ЛИРАК: Не се ни обидов да се присетам на нешто!Се е залудно. Минатото постојано бега. Не се дофаќа. Залуден обид е трчањето по минатото... Помнењето е еден албум што не треба да се прелистува! Ова им го велам на сите, но, не ме разбираат!.. Шекспир кажуваше дека извор на реката пелин е помнењето! Не... ова го нема кажано Шекспир, туку... Добро, не ми текнува! Не се сеќавам на ништо.

ЛЕКАРОТ: (Го грабнува за врат и му ја наведнува главата кон книгите расфрлани над креветt) Читај... читај... пишувај или глуми... што сакаш прави, само ја сакаме приказната. Присети се што се случи со татко ти! Корените на лошото започнуваат од таа случка и продолжуваат кај настанот кога ќе го убиеше Џон, за да завршиш со осакатувањето на старата Мари... Е па, сети се!

(Лекарот излегува)

Ме облекоа како крал и ме доведоа тука! Доаѓам од горе, од третиот кат на оваа зграда полна со лудаци и деликвенти! Најдобриот сум, најдисциплинираниот и најмирниот од сите. Човекот со бел мантил , и тој другиот кој знае и да тепа, ми викаа: “Ти тука си крал на сите! Ти си Кралот!”

Ме викаат Крал!

Кога ме донесоа тука не ми побараа извод од родените, ни лична карта ни здравствена книшка. Ме избричија и стрижија и потоа, ме качија на третиот кат. Еве, ми рекоа, ова е твоја соба. Ќе ти биде подобро од Париз.

Еден стуткан кревет, една маса и едно мало шкафче со комплетот од Шекспир.Еден долг ходник. Мојата соба со решетки во средината на ходникот. Напред, преку решетките можам јасно да ги видам само трите соби. Од другите соби може само да се слушнат викотници, пискотници и неразбирливи зборови. Во собата наспроти мене, еден ќелав цело време ја удира главата в sид. Насекаде крв. Налево од собата тројца внатре. Не се знае што се. На глава носат чорапи со еден отвор за да можат да дишат на нос. Цело време играат секс. Надесно, во другата соба, двајца врзани грб, со грб, никогаш не престануваат вртејќи се на место ... Јас, качен над креветот од штици, илјада пати ја одигрувам другата варијанта на Едип кралот. Не тој крал што го убива таткото за да му ја земе сопругата, туку, тој Крал што го убива синот за да му ја земе сопругата...

Кога се уморувам барам некого за да играм шах Кој и да седи преку, било некој од чуварите, или пак од медицинскиот персонел, на почеток ги потпирам на sид, и потоа им ја препуштам победата на нив. Само најголемиот го победив. Му дадов мат со локомотива! Ја средив работата и, во дијагонала ги наредив сите војници. На крај, со кралот му дадов шах. Ова се вика шах-мат со локомотива. Како награда, го добив третиот кат.

(Пауза.)

Тука се чувствувам малку подобро. Собата има само еден sид. Со решетки е, но, топла. Има и еден леѓен за вршење нужда!... Деновите ги поминувам во поглед кон малиот прозорец. Постојано истиот поглед. На почеток небото стемнето. Потоа црни облаци, кои одат некаде. По нив доаѓа уште еден сив облак. Има облик на една пупка. Полека се одвиткува и јас ја гледам кристалната соба, каде што се прелеваат разно- разни бои од разбиеноста на светлата низ sидовите огледала. Се отвара вратата и влегува Зога. Потоа мрак. Паѓа ноќтта.

(Тишина.)

Ја сакав! Ја сакав Зога. Ја сакав многу. Многу ја сакав! Ме сакаше и таа! На почетокот мислев дека повеќе ме сакаше бидејќи ме сожалуваше, а не дека нешто чувствуваше за мене! Оваа милостива лубов, кај неа ја забележав откога за прв пат ме прегрна силно. Рано наутро, на пат кон училиштето јадев еден сендвич. Пред мене беше Зога! Побрзав за да ја стигнам. И се доближив и и го поделив половината од сендвичот! “Земи”, - и реков, - “со сирење е и со јајца од петел!” Она падна на колена смеејќи се. Очите и се наполнија со солзи. Не се разликуваше дали се смее или плаче! Потоа ме прегрна велејќи ми: “Еј, смотан! Не со јајца од петел, туку, од кокошка”!

(Благо се смее. Тишина.)

Женските обично изразуваат еден вид сожалување кон изгубените момчиња, кон расеаните, стуткани од тајните што ги имаат. На сметка на таквите типови може да пукне и шегата, дури и исмејувањето. И сé ова се прави само од инстинктот да се изразува женската супериорност во еден момент.

Жените се прототип на убавите суштества, невидливи! Тие се ангели што ги сакаш и што те сакаат. Нивната лубов е милост. Милост, и само милост!

Зога ми велеше дека, единствената искрена и доживотна лубов е тоа што се раѓа од милостина. И потребата да сакаш некого е милостина. Лубовите што одговараат на поканите од интерес се суви; смрдат на рани од бесни каснувања. Бакнежите им личат на отровно јаболко. Прегрнувањета на милостивата лубов е ветрец што те носи до седмиот кат на небото.

(Тишина)

Ги имам видено јас на втори кат луѓето што се сакаа за интереси. По секоја посета, тие што се враќаа во собите со пакети полни со мед, чоколади, бонбони, гуми за џвакање, цигари и тутун, беа најпосакувани. За една цигара, се креваа нозете, се вртеше задницата. За една чоколада се избегнуваше денот за исчистување на мувлосниот ходник. За една бонбона се поминуваше денот во бакнеж и цицање јазици. Кога завршуваат слатките, почнуваат караниците, пцостите, омразите. До другите посети.

Мене никој не ме посетува.Немам пакети. Еднаш ми дојде еден пакет. Не сакав да го примам, бидејќи не знаев од кого беше. Потоа стражарот ми шепна нешто на уво. Нити плачев, нити се насмеав. Му реков на чуварот да со стварите што беа во пакет да ги чести сите што ме сакаат.Сите ме сакале.

3.

ТАТКОТО: Лирак, еј Лирак..... Лиракееее!

ЛИРАК: Повели тато!

ТАТКОТО : Кај си бре ѓаволе? Ми се исуши грлото викајќи.

ЛИРАК: Мама не може да ја помрдне ногата, и ја исправив и и ја врзав за една штица. Заспа.

ТАТКОТО: Дојди, помогни ми... Имаме многу работа да завршиме.

Сите му се плашат на татко ми и го почитуваат! Веѓите му се густи, расплетени како крилјата на орелот кога лебди над пцовисаното. Од жолтите мустаќи не му се познава ни устата. Постојано е намрштен. Грубоста на неговото лице од сериозен и прибирлив маж, го омекнува сјајот на влакното на кобилата. Секој ден ја оседлува кобилата, и со неа го шета цело село.

ГРАЃАНИН 1: Здраво брате!

ТАТКОТО: Здраво!

ГРАЃАНИН 2: Здраво Рапо!

ГРАЃАНИН 3: Здраво! Здраво!

ТАТКОТО: Здраво живо мажи!

ГРАЃАНИН 1: Си ја процветал кобилата Рапе!

ТАТКОТО: Синот се занимава со тоа!

ГРАЃАНИН 2: Имаш вреден син!

ТАТКОТО: Доколку сакате да ве сакаат и почитуваат децата, не престанувајте да ги тепате нивните мајки. Тепај ја жената ако сакаш да ти се плаши детето!

Мојата мајка беше многу слаба! Црната шамија и ја покриваше побелената коса! Кожата и беше збрчкана и испржена, како кора од даб. Лицето полно со брчки! Суви раце и со криви прсти. Кривеше! Мојот татко ја имаше удрено со стап, кога имаше разбрано дека веќе не ќе може да му раѓа деца. Ја имаше натепано толку многу, што и се слошило кога ја удрил со дрво, тука, на колкови.

Ја пцуеше многу! Кај и да се свртеше и ја пцуеше мајката!

ТАТКОТО: А ова... што е ова, а! (И плеснува еден сад в лице.)

Зборувај, што е ова гомно...

МАЈКАТА: Немој старецу! Гревота од Господ! Јадење е...

ТАТАКОТО: Да ,а! Не го гледам јас, a! Зошто толку многу сол! Кажи, зошто? (И го плеснува садот во лицето!)

МАЈКАТА: О, Господ да те убие тебе, што ја потценуваш Неговата добрина!

ТАТКОТО: За кое добро зборуваш о ѓаволе, за ова гомно, е мајката да ти ја ебам ...

МАЈКАТА: Да си ја ебеш својата мајка, зашто мојата мајка не е како твојата кобила!

(Таткото иа удри шлаканица на мајката)

Никогаш не престана да ја тепа мојата мајка. А јас, го почитувам, многу му се плашам. Се плашам од неговата сенка! Тој ме сака! Ме засака откога почнав да се држам за неговите мустаќи и да стојам исправен на нозе! Ми велеше:

ТАТКОТО: Или ќе те направам маж со мустаќи или ќе ти облечам женски облека!

Кога мажите од соседството ќе не закачеа, требаше да бидам најснаодливото дете, да ги соборам сите! Ако некој врсник ми се качуваше на грб, знаев што следува потоа! Ме тепаше бесмилосно татко ми. Ме фрлаше од еден sид на друг, ме фрлаше нагоре и потоа треснував на земја.

TATKOTO: (Тепајќи го и удирајќи го без милост) Така, ќе станеш посилен и нема да ме засрамиш!

ЛИРАКУ: (Му се обраќа на таткото) Ова нема да ти го простам татко. Те сакам многу. Ти си мојот татенце. Ти ја простувам секоја тупаница, што ја удираш на мене. Знам дека бараш да постанам маж како ти, ништо повеќе, да постанам прв во селото. Ние често разговараме како двајца блиски пријатели. Во ниеден случај не ти викам дека си грешка. Ти никогаш не грешиш. Грешка е на Господ што ме направи мене. Вака ми викаш. Ова и го кажуваш и на мама и ја удираш со сета сила што ја имаш. Зошто татенце! Кога ке пораснам ке бидам прв. Тогаш, на кого ке остане вината! Над мене?! Над Господ?!

ТАТКОТО: Затвори ја устата!

(Тато станувајќи ја плеснува трпезата ва градите на Лирак. Лирак ја фати мајката за рака која се обидува да го удри со лажица таткото, што беше на излегување. Ја смирува прегрнувајќи ја силно. Се тресе како наводената птица)

ЛИРАК: Вчера, додека се одалечував од изворот, тета Лејла ме следеше скришум. Слушнав кога и рече на тета Мрика “Пупу, ист Рап е! Целиот е на него. Види како оди нишајќи се,исто како Рап. Овој да се жени! Кој ќе му даде на овој невеста...” Не мамо, неее... нема да се женам. Не сакам да постанам маж, не сакам да се женам ...ќе бидам и јас лош татко...не сакам мамо... (Стенка.)

МАЈКАТА: Не син на мама, не,. Смири се. Не слушај зборови на селски вештици. Тато не сака...

ЛИРАК :Тој не убива мамо!

МАЈКАТА: Не сака сине, не сака. Се грижи за нас. И ти ќе се грижиш за својата жена, за своите деца. Ќе работиш, ќе добиваш ќе градиш куќа и семејство. Ќе бидеш многу благ, мирен, ќе бидеш, племенит сине мој.Тогаш ќе бидеш истоштен од заморот на еден дел од животот,од вревата,од караниците и тепањата и, кога ќе се присетиш на овие фотографии распространети низ лавиринтите на твоето помнење, сине мој, тогаш ,ќе ти се наполни телото со морници додека, душевно затоплување ќе бараш во скутот на својата сопруга, во прегратките на своите деца... (Брише солзи со крајот на шамијата) Да ти донесам парче сирење! Идам, а! (Лирак ја мести трпезата, седнува со скрстени нозе, бришејќи ги солзите.)

Еден ден, во селото се правеше една свадба и, во трчање по шамијата, ме втурна и мене да учествувам. Во средината на тие натпреварувачи најмладиот бев јас. Бев дете осум-девет годишен?! “Те чекам дома да ми се вратиш со шамија,”, ми рече остро. А јас се вратив последен.Ме тепаше се додека не ми потече крв низ нос и уста. Но, зошто ја тепаше мама, секогаш кога ме тепаше мене?! Тато ме тепа а јас го сакам! Го сака и мама! “Тепај ја жената за да ти се плаши детето!” Јас му се плашев. И мама да! Но не и тогаш кога ме треснува за земја. Тогаш мама ке избувнеше: “Доста пастуве! Доста го уби”!

МАЈКАТА: Ај, сине, јади. Крв да ти се стори.

ЛЕЈЛА: На здравје Зана,Уау, за седум мераци сте ја поставиле на сред двор. Рап избегал, а!

ЛИРАК: Еве сум тета Лејла!

МАЈКАТА: Што има Лејла, како си!

ЛЕЈЛА: Ништо ма, еве, светот преде а марифетлакот излегува на виделина . Дали слушна ма, што им се случи на Бибајци! Им ја вратија девојката сношти на полноќ. Аха, девојка! Жена ма, жена, била жена. Го имаше изедено срамот со еден бајаги маж..Знам јас знаааам, ја имам видено да им бега од двор со еден коњ што ја дели шумата како грмотевица.

МАЈКАТА: Што зборуваш мори Лејло! Тешко на мајката! Тешко на Гонџа што постанала тема за џвакање за лошите усти.

ЛЕЈЛА: Се џвакаат сами и потоа ги поттикнуваат устите да зборуваат. Што е крива устата за тоа што јаде задникот! Така се зачеша и Семка и потоа се обидуваше да ги затвори сите туѓи усни. Но дали се затвараат дупките на оградата црна жено. Дојди, дојди Зана да испечеме по едно кафе. Еее колку ќе пцуеш за тоа што ќе го слушнеш! Пу, пу-пу, што не се случува во овој свет.

МАЈКАТА: Дојдов Лејла...

(Излегува Мама. Лирак ја крева трпезата.)

(Тишина.)

Еднаш , мајка ми излезе од шталата плачејќи и стенкајќи: “Го фатив на дело со кобилата, тешко мене...”! Потоа над неа се втурна тато , ја истепа со тупаници и клоци. Се обиде да и го отсече јазикот со налбатски клешти, но успеа да и отсече само еден дел од долната уста. Никогаш не ми кажа што сакаше да каже со тоа “го фатив на дело со кобилата”.

4.

Секоја година, за Ѓурѓовден во селото има прослава. Излегуваат жените со сач и тепсии, со чајници и кусии. Млади девојки, облечени и исчешлани, чувајќи се од погледите на момчињата. Децата не прават друга работа, освен тоа на поштарот, разменувајќи ги скришно зборовите меѓу девојките и момчињата. Ечат тапаните и зурлите. Почнуват пеливаните. Посилните се фаќаат, а најслабите играат додека да се исцрпат двете страни. Повозрасните се стуткаат под сенка. Кога сите ќе се уморат, на крај започнува трката со коњи. Најдобриот го има правото да јавно ја избира девојката со која ќе се мажи.

(Се појавува Зога)

ЛИРАК: Го гледаш тој даб таму! Е, па, таму треба да стигнеш со овој чајник без да ти капне ниедна капка вода. Оди... оди како ветренце...оди... Кога ќе стигнеш кај дабот, искини едно парче од фустанот и врзи го за една гранка. Оди... лесно... така. Водата истури ја на коренот на дабот. Знаеш која песна треба да ја пееш, а! Ајде, кажи ми. Дај... Внимавај , зошто ако ти го слушне некој гласот ќе ти оглуве мажот на бра;ната ноќ. Хахахаха... е, смеј се зошто не се смееш. Немој! Немој да се смееш пред да ја истуриш водата на коренот на дабот... Зошто потоа првиот син ќе го родиш намрштен, со веѓи слични на козја опашка.

(Зога не може да се воздржи, се насмеа)

ЗОГА: Бегај, o ѓаволе... Сега треба повторно да се вратам кај мелницата и да го наполнам со вода чајникот.

ЛИРАК: Но, зошто...

ЗОГА: Затоа што се насмеав... Дали прозборе, дали се насмеа магијата исчезнува.

ЛИРАК: Не се лути... Дај ми го чајникот, јас ќе идам да го наполнам за тебе.

ЗОГА: Така не може.. правилата на играта се: секој треба да го наполни за себе.

ЛИРАК: Добро тогаш... може да pojdeme заедно, а...

ЗОГА: Добро...

ЛИРАК: Како се викаш... Јас се викам Лирак.

ЗОГА: Зога.

(Лирак и Зога тргнуваат кон мелницата. Патем таткото го застана Лирак, го повлече настрана)

ТАТКОТО: Оваа девојка сакам да ја земеш за невеста! Сега оседлај ја кобилата, и добиј ја трката....

ЛИРАК: O татенце! Не можам да ја јавам кобилата.Рано е.Кобилите не се за јавање. Ќе се смеат сите со нас!

ТАТКОТО: Затвори ја устата. Направи така како што ти велам јас... и побрзај, додека не започнала трката......

Кој се осмелуваше да му се противи на тато, уште помалку некој да се пошегува со него! Мама првата се отцепи од синџирот и избега дома! Забележав дека побегна и Зога. Се исплаши дека ќе биде избрана од тој што ќе победи. Мојата победа беше далечна. Пукна пушката и, коњите тргнаа на јавање. Мојата кобила трчаше со таа брзина со која што ја имаше дресирано татко ми. Слободно седи со вкрстени нозе над седлото и испиј го кафето!. На пола патека ме стигнаа натпреварувачите што се враќаа. Кога се вратив, беше многу касно. Сите беа избегани. Од далеку го забележав татко ми кој што одеше бесен низ дворот. Одеше со наведната глава, полусвиткан, зад грб ги држеше рацете со еден овчарски стап. Се симнав од кобилата. Ја затворив портата и тргнав кон него. Пукна стапот. Не остави место на телото без да ме удри. Овој пат, мама не изусти збор! Седеше на прагот на вратата и само ме гледаше како се превиткувам од ударите на тато. Кога му се скрши стапот, ми удри уште две три клоци по главата и тргна кон мама.

ТАТКОТО: Ни го оцрни образот овој неранимајко мори старице. Пушка до го убие кучето.

(Само што и ја префрли раката околу вратот на мама, таа скокна како да ја касна змија)

МАЈКАТА: Бегај

Тато се фрли над мама како јастреб врз пиле. Откако се испразни добро на неа, ја фати за коса и влечејќи ја, ја втурна всоба. Со еден глас што тресеше планини ми рече да ја врзам кобилата во штала. Одвај станав на нозе! Во шталата влезе и тој и ја затвори вратата со резето!

ТАТКОТО: Добро море сакат еден , колку пати ти имам кажано, или ке бидеш прв во селото или ке те облечам во женска облека!

ЛИРАК: O, татенце, оваа кобила не е за јавање, а згора на тоа јас сеуште не можам да се фрлам на седлото, а ти бараш да ја јавам.

ТАТКОТО: (се растегнува) Со еден скок да те видам качен на кобилата!

ЛИРАК: (Со пола здив му возврати) O, татенце, не можам, не дека не сакам!

Ја фати кобилата туркајќи ја по сапите кон јаслите. Ми рече да ја држам цврсто за уздата. Потоа се качи на јаслите и се фрли врз кобилата. Ги впери прстите во сјајната кожа на нејзините сапибутини.

ТАТКОТО: (Растегнувајќи се бесно) Вака се скокнува на кобила! Види како се скока, животно!

Од солзите во очите и крвта што ми течеше од челото, не можев да гледам убаво. Видов дека неговите пантолони беа спуштени до глуждот на ногата. Потоа излезе, и ме затвори во шталата. Бев заспал!

5.

Се впушти птица над една гранка и ја гледаше мама којашто, ја чешлаше побелената коса. Во колибата беше сосем сама. Тато со кобилата беше слезен во селото. Уште малку и ќе се разденеше.

ПТИЦАТА: Зборувај пуста старице!

МАЈКАТА: Што е овој проклетник што ме гледа и ми зборува!

ПТИЦАТА: Совземи се старице!. Не сум проклетник. Јас сум ангел што Господ го испрати кај вас. Дојде крајот на вашите маки. Затоа, зборувај! Ти, твојот сопруг и син ви имате право да барате по една желба. Барајте што сакате и желбата ќе ви се исполни.

МАЈКАТА: (Длабоко воздивнувајќи) O Господе Боже, каква е оваа шега!

ПТИЦАТА: (Одлучно) Зората не смее да ме затекне тука, затоа, зборувај побрзо.

Тогаш мама првин ја подигна главата кон небото, потоа и рацете и, се помоли!

МАЈКАТА: Господе, направи ме млада, осумнаесет годишна! Ми треба сила да ги совладам деновите што идат!

И старата се стори осумнаесет годишна. Нејзината става, косата и кадифениот фустан, цреша боја, те потсеќа на кралицата од приказните. Само што започна да го допира телото, бујните гради, силните колкови, се појави тато.

ТАТКОТО: (Втурнувајќи се кон неа) Која си ти!

МАЈКАТА: Бегај, не ме допирај.Твојата сопруга сум. Зана! Ваква бев кога ме зеде, додека ти, за кратко време ме направи најпомодрената во светот. Бегај не ме допирај. Тргни се ти реков!(Тато легнува на земја. Тишина.) Дојде една птица ми рече дека, дошло времето да јас , ти и синот побараме од Господ по една желба. Јас побарав да бидам повторно млада, осумнаесет годишна! Сега на тебе е редот! Барај!

Тато не ни сакаше нешто да побара! Се задоволи кога ја виде својата сопруга толку млада.Посака да ја земе враце и да ја носи в кревет! Но, таа не прифаќаше! Само што ќе и се доближеше тато, таа го туркаше далеку. Со силата што ја имаше сега, можеше да го остави без здив старецот..

МАЈКАТА: Бегај, старецу. Барај што сакаш. Барај и ти да постанеш млад!

Тогаш, тато, изнервиран од односот на својата сопруга, што не му дозволуваше ни да го пипне, му се обрати на Господ:

ТАТКОТО: O, Господе, направи ми ја сопругата кобила!

Така што, пред колибата имаше две кобили! Додека ја врза за даб, се појави и синот!

СИНОТ: O татенце! Да не си спобудалел! Доста ти беше една! Што ти требаше да ја купиш и другата! Ќе ни ги исушиш цревата татенце.

ТАТКОТО: Ова овде е твојата мајка!

Потоа, тато му го објасни на синот тоа што се случило!

ТАТКОТО: Значи барај. Сега си ти на ред. Само внимавај! Сега имаме две кобили што бараат силен човек да ги храни и чува. Ти си уште мал, додека јас, стар и доста уморен. Барај му на Господ да ме направи млад. Синот се замисли извесно време!. Ја заниша главата во знак на предавање пред судбината и, побара:

СИНОТ: Господе, направи ми ја мајката како што беше!

Така што, пред колибата, истите: таткото, мајката, синот и кобилата! Разочарани премногу. Разочараноста на таткото премина во беснило и, речиси ги уби тепајќи ги, првин синот, потоа и мајката. Ги легна на земја и, качен на кобилата тргна кон селото.

6.

Вториот пат Зога, не само што ме прегрна, но и ме бакна во образите. Заплака многу. Имав една исеченица измеѓу веѓите, една рана што ми ги имаше помодрено очите! Во десниот образ ми се забележуваа знаците од прстите, како да бев триен со лисја од коприва.

ЗОГА: (Со болка) Те има удрено лошо! Те изнатепал многу, идиотот!

Ние растевме, а воедно се повеќе растеше и милоста на Зога за мене! Секогаш кога ме тепаше тато, Зога ме сакаше повеќе.

Зога не ја видов веќе! Последниот пат со мене беше тој ден кога го победив тато во шах! Не сакав! Не сакав да бидам тепан пред Зога. Неколку игри по ред ги завршив со еднаков резултат. Во очите на Зога прочитав желба да го победам, затоа и одлучив, да на крај му давам мат! Малку пред крајот на играта, неговите црни фугури, беа (со затворени очи зборубва брзо): кралот на Х8, коњот на Х7, офицерот на Г6.

Јас: кралот на Ф7, кралицата на Г6.

(Вика.) Играј татенце! Играј! Само уште еден потез ...ова кралица ќе ти ја „јаде главата”.

Тато ми ја напаѓа кралицата со коњот од H7 на H8, додека јас со кралицата му го земам ланферот и – мат!

Зога се стопи од радост, сета во радост, ракоплесна. Нејзината радост траеше неколку секунди. Така што, тато ми удри тупаница по лицето. Јас паднав на земја, бранејќи се од клоците на тато и, потоа не знам што се случи. Сум заспал. Кога се разбудив, ја видов Зога, речиси гола, бегајќи од собата. По неа трчаше бесниот татко. По нив се впуштив и јас. Не знам кој кого фати, но, ... еве, о... останав сам, изгубив се! Само ова ми текнува. Поразот било скапа работа! (Ги отвора очите. Еден замрзнат насмев на лицето. Со болка се растегнува) Зога! (Тишина.)

Никогаш повеќе не ја видов Зога. Ние, колку повеќе растевме, толку повеќе се сакавме. Нејзината лубов не беше веќе милост за мене.! Ме сакаше многу, не дека бев најдобриот и најсилниот во трчање, во фрлање камења, во пеливани, во трка со коњи, во шах, во школо, во настава, не дека во театарска секција во школо ги играв главните ролји, но едноставно, ме сакаше бидејќи... ме сожалуваше! За прв пат и јас ја искажав својата болка за неа!. Тој ден, кога го помина прагот беше целата искината, со бушава коса, со насолзани очи. (Стенкање.)

“Зога” ја викнав расплакано, додека она, само за еден миг ја сврте главата и ми рече: “бегај, зашто и ти си негов род. Збогум!” Тато ја имаше тепано и Зога?! O, не знам дали ја имаше тепано или не, но знам дека она не изгледаше добро.

7.

Сега, веќе не играм шах! Не, играм, но не смеам да победам никого Секогаш кога ги носам противниците во мат позиција, јас ја губам играта. Играм со стражари, со лекари, со затвореници и пациенти, но никогаш не победувам. Сега сите сакаат да знаат зошто ја губам играта на толку наивен начин. А ни самиот не знам зошто! Едноствно, немам храброст да победам. Сите победи се страшни. Поразите те држат во живот. Те држат пред тие што ги сакаш и што те сакаат. Поразените не му се плашат на поразот. Живеат во надежи нешто што го немаат победниците. Очекуваат издигнување. Издигнатите живеат во страв. Од горе го гледаат крајот. Страшен е нивниот крај. Поразот е добар. Јас изгубив се. Сега го очекувам денот кога ќе ги најдам сите. Победниците го чекаат денот кога ќе изгубаат се.

Ми се изгубија писмата на Зога,тие писма што ми ги праќаше додека бев на студии во Париз. Ги немам веќе. Душата ме боли за нив. Секогаш ги мислам, еве, тука, на средината на градите ми надоаѓа студенило. Писмата на Зога - сите почнуваа со „на мојот глумец”, додека завршуваа со “те бакнувам силно и нежно! Зога!”

На Факултетот на Убавите уметности, отсекот актерство, бев најдобриот! На сцена бев вистински крал! Кога глумев јас, професорите велеа дека во мене ги гледаа живите личности, што плачат, се смеат,се застрашуваат, се плашат...

Кога беше момент за плачење, го замислував татко ми намрштен. За изразување зачуденост, ја замислував прегратката на мајка ми, што секогаш ми се причинуваше дека ме гали, со челична четка. Кога беше момент за смеење, ги замислував нејзините извонредни вицеви. За болка – ги слушав офкањата на мама која никогаш не се смири со болката на ногата. (Стенкајќи избувнува)

Кога ме тепаше тато ( се спремав за игра), кога викав, кога плачев, кога ќе ечеше куќата од моите фрлања, де во едниот де во другиот sид, збеснуваше тато:

ТАТКОТО: Доста оти ги исплаши комшиите, ненормален. Доста...

СОСЕДОТ 1: Што му стана на Рапo? Цела ноќ само скокаше и викаше!

СОСЕДОТ 2: Богами, и кај нас се слушаше силно кукање и еден голем плач! Знаеш како? Како кога те боли заб!

СОСЕДОТ 1: A, Рапе! Дали е добро со Лирак, а?

ТАТКОТО: Ништо не му е , добро е ... Ги гледа оние свињи актери во телевизија и потоа цело време прави како нив. Вика: или ќе постанам познат актер или ќе пукнам.

СОСЕДОТ 2: Воздржи се Рапе. Радувај се... син ти ќе стане голем актер, како оној Беким Фумија.

ТАТКОТО: Беким Фехмиу! O трупецу!

Со цел да го покријам хаосот на тато дома, се одлучив за актерство. Ударите, тупаниците, пискотниците, плачењата, жалењата, сите изгледат како дел од играта. Ќе бидам актер. Беше желба на татенце. Ќе одиш во Париз “Патис”, ми рече, размислувајќи за Париз. Е ај осуди се одбиј ја желбата на татенце. Мама не сакаше да избегам толку далеку но, кој ја прашуваше кутрата! Тато имаше јаки врски со власта. Доста имаше тато работено за власта, сега властта ќе работеше за тато. Ова му иде како “доста мелницата ја мелеше пченицата, сега пченицата треба да ја меле мелницата”! Така, сите ми помогнаа за во Париз.

8.

ЛЕКАРОТ: Сети се убаво! Потсети се што се случи тој ден. Прочитај ги и овие изјави. Штом ти помагаат, ти го подбуцнуваат помнењето. Ти треба да се искажуваш, да го напишеш тоа што ти се случило! Напиши го како сакаш! Или како расказ или како изјава. Еве ти , имаш доста изјави. На, земи и присети се!

(Лекарот излегува. Тишина. Лирак ја зема фасциклата и седнува со вкрстени нозе. Почнува да ги прелистува писмата. Ги погледнува и ги фрла позади грб.Чита на глас.)

“Го убив тато бидејќи посакав да постанам како Крал Едип...”

“Ми падна многу тешко кога ми ја опцу верата, додека се обидував да го убедам дека, женачката помеѓу братучеди ја дозволува нашата вера. Го извадив пиштолот и го убив, во име на верата...”

“Брат ми ми објаснуваше за некој си Бајрон што и се качил на сестра си и за некој си Миѓен што си ја имал сработено братучетката. На крај, испадна дека самиот тој неколку пати ја имаше обесчестено мојата ќерка... Со сабја му ја отсеков главата...”

“Го фрлив таткото во бунар затоа што, во шталата ја имаше пробано мојата свршеница, дали била невина или не...”

“Ги направив парче, и сопругата и детето, само што ми кажа сопругата дека детето го зачнала со брат ми...”

“По двадесет години дојдов да го посетам детето што го имав со братучетка ми! Роднините ми отвориле бунар! Убив тројца...”

“Јас, Лени на Дедајци , го убив својот татко. Беше обесен над колепка каде плачеше мојата двегодишна ќерка . Тој, место цуцла, в уста и го ставаше својот овенет стап...”

“Со срп му ја отсеков главата! Две години немаше спиено со мене. На кревет легнуваше со овцата...”

СЛЕПИОТ СТАРЕЦ: Сите овие факти да се извртуваат. Случаите да се бришат. Убиствата да се објаснат како психолошки акти извршени за слаби мотиви. За поместување камен од меѓа, за искоренување плот,за сечење дрвја во туѓа шума, за крадење пченица, на стока, и слични мотиви... да се извртуваат фактите. Да се спаси душата од вистината. Вистината боли! Доста се хранеше душата со болка...

9.

Ништо, не! Ништо! Не сакам да зборувам!Овде не те оставаат ни да испушиш цигара. Само да се присетуваш! Џабе!

(Тишина. Лирак клекнува на колена, се фаќа за глава,се стегнува, се превиткува. Зинува силно без да испушти глас. Изгледа страшно исплашен.Го слуша гласот на Џон.)

ЏОН: Лииииирак..... ејјјјјј Лираке..... Eeeej, кај се изгуби бре Лираааак...

ЛИРАК: Џони?!... Џони, а, еј... еве сум, еве... почекај ме идам....

ЏОНИ: Лииираак... побрзо еејј Лираак...

(Слични превртувања пред да го слушне гласот на Џон. Потоа се смирува, станува, сосема мирен.)

Откако го добив шахот , откако татко ми ме изнатепа мене... и Зога... –побегнав од дома. Не сакав повеќе да се вратам дома. Многу е валкана. Како големо купиште ѓубре. Таму, високо, на ридот, во Мечкина Пештера , се осеќам поубаво. Цел ден го поминувам со луѓе што ме сакаат и што ги сакам, што ме поздравуваат и ме хранат. Никој повеќе не ме тепа. Играм со децата од соседството кои уживаат смеејќи се секојпат кога ме удираат со камен и кога јас плачам. Потоа, ноќе се искачувам во Пештерата.

Една ноќ, под мостот, со нозе навлечени во реката, седеше тој, Џон. Беше заспал! Го потресов но не се помрдна. Го зедов на грб и го донесов во Пештерата. Таму се разбуди!

ЏОНИ: Лиракееее! Еј, море оголен глушецу, дојди да не ти ја скршам главата Брзо.

ЛИРАК: Кажи бос-е!

ЏОН: Знаеш кај живее Џим на Адемци,а! Ајде де, Џими, тој кај кого што отиде таа ноќ, кога само што не те уби дождот! Ти текнува?

ЛИРАК: Тој што на гради има нацртана задница, а! Хахаха...

ЏОН: Не, твојата глава зелко! Бегај тогаш, кај него! Оди и кажи му да ти даде пет цигари за мене. Кажи му “јаки цигари, за Џон”. Тргни, трк!

ЛИРАК: Бос-е, еве плукни ти тука и уште пред да се исуши плунката мене ќе ме имаш тука. Отидов!

Не се задржав многу и на Џон му ги донесов цигарите. Една запали за себе, и една за мене. Повлеков еден дим, уште еден, уште еден...

ЏОН; Знаеш кај ќе идеме вечер, нели!

ЛИРАК: Каде бос-е?

ЏОН: Кај“Шехин Ан”! Ќе се посереме од јадење. Хахаха... ќе јадеме и ќе пиеме а... кажи... ќе ти го набиваме, стоко. Еден ред риба, еден ред телешко месо и еден ред жени. Хахаха... јади и набиј, јади и набиј... Eхееееј... Јаваш, јаваш, бе смотан!

ЛИРАК: Џоне, се стопив,... држи ме, ej! Човек сум или пердув. Држи ме се искачувам на небо. Ухааa, паѓам на дното на бунарот море Џоне...хахаха... пхааааа, се стопив. Колку е убаво да се биде пердув.

ЏОН: Дојди, стуткај се тука кај мене!

Паднав во бездна... како да се искачував кон сонцето... потоа слегов низ ледени ридја. Потоа како да се одронија камењата и бев заробен во пештерата. Ја фатив главата и ги стегнав забите. Се чувствував подобро. Џон не беше добар. Се тресеше. Потта му капе. В рака држи празен клистер.

ЏОН: Умирам Лирак, умирам брате. Побрзај те молам, трк кај онаа недоизградена куќа што се наоѓа меѓу полето на Самовилите.

ЛИРАК: Што има таму босе!

ЏОН (Тресејќи се како прат и бришејќи ја потта што му течеше) Ќе сретнеш еден мој пријател. Ќе ти даде малку пари а ти со тие ќе ми го купиш брашното од Мони. Брзо Лираке, побрзај оти умирам. Кој ќе се грижи за тебе ако умирам јас, Лираккккк, побрзај жити Бога. Што побрзо.

Се впуштам по надолнината. Кај недоизградената куќа, во подрум, го наоѓам човекот кој ми запалува една цигара од оние на Џим. Темница е, слушам кај зборуваат уште други двајца но не им го гледам лицето. Изгледаат како сенки.

СЕНКА 1: Три илјади ако сака да се спаси од затвор. Кажи му вака на Тики. Три илјади.

СЕНКА 2: Ако не се чешаат сите еден по еден – жителите на дивата населба, жими се ќе ги оставам без катастарска мапа. Нека се степаат после меѓу себе. Што викаш шефе, а?

(Го забележува Лирак)

ШЕФОТ: Кој си ти?

ЛИРАК: Џон ми рече да дојдам тука и да го сретнам неговиот пријател. Кој од вас е пријател на Џон?

ШЕФОТ: Јас сум! Kој си ти?

ЛИРАК: И јас сум му пријател на Џон.

ШЕФОТ: Но ти си многу млад море синко. Колку години имаш?

ЛИРАК: Двадест и два.

ШЕФОТ: Значи “тазе”.

(Шефот и сенките се смеат. Лирак се смее на сила)

ШЕФОТ: Чиј си?

ЛИРАК: Ничиј.

ШЕФОТ: Така значи...

ЛИРАК: Џон ми рече да ви побарам неколку монети... Му требаат итно...

ШЕФОТ: Ќе ти ги дадам парите... Но почекај малку, зошто брзаш... Одмори малку, изгледаш многу уморно... Дојди тука... сакаш да играш со нас “чаталику-паталику”!

ЛИРАК: Хехехе... “чулики-пулики” – не знам како се игра оваа игра!

ШЕФОТ: Многу е лесно... Јас ќе те научам... Сврти се... Така... Соблечи ги панталоните! Така! Соблечи се, соблечи се! Ех, да ти се сторам јас тебе... Сега наведни се... Така... Ех, така значи...

Шефот ми ги заби ноктите во кожата на грбот и мене ми пукна крв од газот.

ЛИРАК: Што правите вака!

ШЕФОТ: За инат на жена ми! Не мрдај, стегни се да не ти ја скршам главата од sид.

ЛИРАК: Што сум ти јас крив за твојата жена!

ШЕФОТ: (Облекувајќи ги панталоните) Пред недела дена жена ми ја најдов во кревет со еден маж и ме исполни со гнев!

ЛИРАК: Но, жената бара маж во кревет! (Смеејќи се на глас) Зошто не и појдете на својата сопруга туку, губите време со мене!

ШЕФОТ: Јас не изгубив време, а ти, за изгубеното време, еве, земи ги овие пари.

Јас по мојот пат, човекот по својот пат. Парите вџеб. Му требаат на Џон. Ќе се извлече тој. Го сака животот. Само што излегов на патот, некој се фрли на мене. Двајца, беа истите што го дружеа Шефот. Ме втурнаа во бразда и, и овие двајца, откако ме соблекоа заиграа “чулики-пилики”

(Тишина.)

Патем ми излегоа децата од соседството. Беа полни со камења. Едниот имаше камења во џебовите, камења на рацете и еден камен во уста. Почнаа да ме удираат. Ме удираат по глава. Пукна крвта. Јас се смеам. Тие фрлаат а јас се смеам. Детето со камен во устата почна да плаче. Каменот му останал в грло. Трчам и го фаќам за врат. Го тресам убаво. Нозете ми се сплеткани во соблечените панталони. Почувствував еден силен удар во тилот и паднав. Кога се созедов видов дека ми ги украле паталоните. Раката ми се вкочани од парите што ги држев цврсто. Кон мене идеше старата Мари која на грб носеше неколку дрвја натоварени.

СТАРАТА МАРИ: Зошто си излегол гол сине... Ќе се разболиш...

ЛИРАК: Ми ги украдоа алиштата...

СТАРАТА МАРИ: Господ да чува, се намножија крадците... Хехех направи, покриј се со оваа покривка и ајде да појдеме кај мене. Еве, тоа е мојата куќа. Ќе те облечам во сако и панталони од маж ми

ЛИРАК: Не, немам време, Џон ме чека... Парите...

СТАРАТА МАРИ: Ќе се разболиш вака...дојди... хехех, и држи ми ги овие дрвја бабино зошто ми падна грбот... Остарев и веќе не ме држат нозете... .

(Лирак и ги зема дрвјата)

СТАРАТА МАРИ: Си бил силен море ќелко!

ЛИРАК: Што ќе ти е мојата сила?

СТАРАТА МАРИ: Само силните мажи можат да облечат сакоа, другите , одат по кошули. Дојди! Наваму ми е куќата... Е мори мајко, фала богу што се уште ја памтам куќата. Староста била тешка. Не бива сам, не......

За сакото, требаше да и ги наредам сите дрвја што и беа насобрани во двор. Јас ги пружев рацете а таа ме товареше колку што може да издржи едно магаре.

Потоа кога ги наредивме сите дрвја, ме зеде и ме стави во корито.

(Лирак во корито. Старата Мари го соблекува, го бања, триејќи го по сите делови од телото. Се соблекува и самата. Нејзината збрчкана кожа и овенета бапнува над Лирак. Почнува да го бакнува. Лирак и се качува одозгора. Старата Мари се стопи од задоволството. Офкањата се мешаат со еден глас што ја повикуваше старата Мари. Таа не слуша но не му дозволува ни на Лирак да се оддалечува, кој, уплашен , се обидува да стане од старата Мари, која како една сланина стои залепена за телото на Лирак. Со врзани нозе околу неговиот грб и со нокти набиени во задницата, се обидува да го касне околу вратот со тие два-три заба што и останале Избегнувајќи ги нејзините касања, Лирак забележува како на прагот на вратата како статуа стои една друга старица која ги гледа со нокти набиени во образите.)

КЕТА: Црна тиии... пу-пу-пу... отвори се земјо да пропаднам...

СТАРАТА МАРИ: (Со половина глас) Помош, помош, ме слуша ли некој. Ве молам да ми помогнете. Овој лудак ме силуваше. Помош ве молам. Полиција...

10.

Побегнав! Побегнав без да бидам забележан од никого. Трчав. Трчав и трчав без да знам што требаше да направам. Се стемнуваше. Џон! Се впуштив во правец на пештерата. Џон не се помрдна, не ми прозборе. Умрел. Си реков да купам нешто со тие пари што ги имав, во вкочанетата тупаница ги стегав. Само што слегов во селото, ме фатија неколку, ме врзаа и ме изнесоа во суд. Ме товареа за две кривични дела предизвикани во текот на еден ден. За насилство и за убиството на Џон! Од првото дело лесно се спасив, затоа што судијата беше доста снаодлив. Цело време додека траеше судскиот процес, јас ја држев главата наведната. Ми беше срам. Старицата призна дека и нејзе и било добро, уживала.

СУДИЈА: Лирак Рап Мали, над вас тежат две обвиненија: насилство и убиство на Џон Ндуе Маркај. Господине обвинителе. Одбраната! (Се ближат до судијата кој нешто им зашепоти.) Да господине Обвинителе!

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Овој човек овде, еве го, овој... е многу опасен за нашето општество. Неговиот татко...

AДВОКАТ: Господине судија...

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Ве молам, господин адвокате, дозволете ми да се изразам.....

СУДИЈА: Се прифаќа! Господине адвокате-без приговор! Продолжете...

AДВОКАТ: Овој суд не е покренат за да ја осуди фамилијата на мојот клиент, кој иако потполно невин, се соочува овде со една срамна осуда за целиот наш судски систем...

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Задолжени сте да го браните вашиот клиент а не судскиот систем!

AДВОКАТ: Токму тоа го правам! Го бранам мојот клиент за да го спасам судскиот систем од еден срам што му виси на врат.

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Ја браните аморалноста пријателе! Сте се поставиле на страната на еден насилник кој, за да му избега на судењето изиграва лудак. И во гроб ќе го следи судењето.

ЛИРАК: хехехе... Ќе ме убиете, а!

СУДИЈА: Тишина... Продолжете господине обвинителе!

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Тој ден, овој криминалец, ( станува адвокатот, судијата дава знак тој да не зборува) ја фати на мака госпоѓа Мари. Слично на една гладна лисица што се впушта по свој плен, уморен бегајќи по светот. Но, овој се покажа уште поитар! Ја сретна оваа старица натоварена со дрвја, изморена и, наеднаш го состави овој кобен план - да и помага на старицата до нејзината куќа, носејќи и ги дрвјата, и само што виде дека во домот на оваа кутра старица немаше жив човек, ја распарчи старата... хехеееј, господине судијо, ја распарчи море овој лудак! Вие знаете дека лудаците имаат една необјаснета сила...

AДВОКАТ: Господин судија, не дозволувам! Тука осудуваме еден криминалец што изигрува лудак или еден лудак кому му се опишуваат злоделата бидејќи е силен за да ги издржа, а!?

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Ова и не е толку важно. Господине адвокате-дали се согласувате со мене дека овде имаме насилство, а! Обесчестена е оваа кутра старица. Господине адвокате, имате ли душа, а?

AДВОКАТ: Госпоѓо Мари, како се случи вие, за време на тој вид насилство не настрадавте со ниедно искинување на алиштата, дури и чевлите не ви се најдоа нигде по подот! Како се случи, вие наместо да се окрвавите од „тоа насилство„, сте го распарчиле човекот со овие нокти! Госпоѓа Мари, мојот клиент, господин Лирак ми призна дека уживал! Но вам-дали ви беше убаво, а!

СТАРАТА МАРИ: Сега, јас бев жива, не бев мртва! И јас сум како и сите други жени... ..

СУДИЈА: Одговорете на прашањата на адвокатот госпоѓа Мари! Дали уживавте за време на тој акт, а! Внимавајте. Се уште сте под заклетва дека ќе ја зборувате вистината и само вистината. Искривувањето на вистината се смета за криминал!

СТАРАТА МАРИ: А,бе, да господине судија, и јас малку уживав!!

СУДИЈА: Да, а! Задоволство тебе, задоволство нему! Ова не е силување. Ова е задоволување, госпоѓа Мари. Рочиштето заврши. Лирак Рап Мали се прогласува за невин. Одиме понатаму...

СТАРАТА МАРИ: Срам да ви е! Овој лудак речиси ме уби. Какво задоволство може да биде со овој лудак. Не ви е срам да се пошегувате со една старица, а!

СУДИЈА: Судењето заврши и случајот е затворен. Стража! Ве молам!

СТАРАТА МАРИ: Не ме допирајте... Срам да ви е... Еве вака како вие ме фати и овој лудак и ме силуваше... Сите вие сте луди, сите сте насилници... тешко нам што ве имаме... праведноста на лудаците...... (Старата едвај ја изнесуваат надвор стражарите на судот. Не престанува дрдорејки.)

Кога ме ослободи од првиот обвинетелен акт ја подигнав главата и почнав да го гледам право во очи судијата. Сакав да му се го заблагодарам, но кога видов кој беше, ми се врза зборот за јазикот. Се обидов да станам наеднаш на нозе. Околу вратот ми висеа синџирите со кои ми беа врзани рацете и нозете. Од страна ми стоеја двајца строги полицајци. Ме фатија и ме стегана силно.

ЛИРАК: Ти овде? Ти судија?!

СУДИЈА: (Зачуден и исплашен. Избрзува да го заврши судскиот процес.) Лирак Рап Мали, многу бараниот наркодилер! Со овј агресивитет со кој му се обраќаш на судското тело, докажуваш дека уште си опасен. Неговото однесување од психопат ја загрозува слободата и сигурноста на општеството.

ЛИРАК: (Уште побесен) Ти, ти судија...

СУДИЈА: Лирак Рап Мали, за осудата покренета против тебе: индиректно соучество во убиството на Џон Вогли, се прогласуваш за виновен. По основ на член... алинеја... од законот за криминал, се осудуваш на затвор.....

ЛИРАК: Ти ме судиш.! Ти, кој за еден грст пари ми го расчепи газот! Но, како ти е сопругата, господине судија!

СУДИЈА: Доста... Рочиштето е завршено!

11.

По многуте прошетки низ светот, синот се врати дома. Мајка му починала а тој не успеал да и фрли еден грст земја на гроб! Дошол еден ден со задоцнување... Требаше да се ожени со најубавата девојка од околината! Само уште шест месеци и ќе се земаа. Мајката, за нивната женидба била решена да чисти и очисти, да ја направи куќата како кукла. Црпејќи вода со кофа, паднала во бунарот. Некои од соседството шепотеа дека тој ден слушнале една голема караница и дека, познавајќи го дивеењето на нејзиниот маж, не ги зачудил фактот дека тој сам ја имаше фрлено во бунар!

СТАРИЦА 1: Ја уби ма, ја уби!

СТАРИЦА 2: Не, богами, ја спаси! Нејзиното фрлање во бунар беше спас, мори црна жено!

СТАРИЦА 1: Викаат дека сама се фрли во бунар, бидејќи веќе не можеше да го издржи тоа малтретирање што ја следеше целиот живот!

СТАРИЦА 2: Да а! Зошто ти не се фрлаш во бунар, а. Какво фрлање сама ма. Ја исфрли тој пастув. Хихихихи, откога почна да и се врти пустата Зога околу куќата, Зана му постана трн во окото!

СТАРИЦА 3: Жими Господ, со овие две уши го имам слушано да и вика на кутрата “ќе те убијааам”!

СТАРИЦА 4: Ништожник, сите жени од соседството ги гледаше со еден извалкана насмевка под тие мустаќи слични на опашката на неговата кобила.

СТАРИЦА 3: Добро, добро. Вие како сте, како ти се синовите!

СТАРИЦА 4: Кутрата ти, целосно си погрешила!

СТАРИЦА 3: Викај, викај посилно, сум оглувела и ништо не слушам!

ЧИЧКО КОЛЈА: Ја уби! Го фати кутрата на дело со кобилата!

РЕМИ: Жими се, мене ми изгледа дека го фати качен на кобилата!

ЛИМИ: Хеј, море се зборува нешто страшно! Дали сте слушнале што и има направено на Зога, a!

СТАРИЦА 1: Добро и е! Не ја фаќаше место во својата куќа. Кај е Зога-кај Рап!

ЛИМИ: Но, таа доаѓаше кај Лирак, бабино!

СТАРИЦА 3: Оцрни едно цело семејство. И побегна! Дали разбравте на каде побегна, а! Жити Бога кажете ми и мене!

ЛИМИ: (До увото со циничен глас) Отишла во П-е-р-з-е-р-е-н!

СТАРИЦА 3: Е, па, никогаш не ја фаќаше место...

РЕМИ: Бегај мори вештерко... еби се!

СТАРИЦА 3: A? Бегајте оти дојде. Ете, слушнете го тропотот на кобилата... бегајте! (Бегаат сите викајќиr: пастувот... доаѓа пастувот... бегајте оти дојде пастувот...)

ЛИРАК: Злиусти. Не е вистина! Не е вистина! Татко ми ја сакаше мајака ми! Ме сакаше и мене! Ја сакаше толку многу и кобилата! Затоа и сите го сакаа!Го почитуваа бескрајно!Не е вистина.

Приквечер, кога тато се врати во колибата, дојде сам. Кобилата му пцовисала. Во дворот го најде синот којшто плачеши. Мајката умрела. Кога го виде синот таткото, му заблеска една искра надеж . Зашепоте: “О Гоисподе, ти благодарам што ми го врати таткото, единствениот што ми остана, без кого немам живот!”

ЛИРАК: Каде беше татенце!?

ТАТКОТО: Таму кај што мувата кова железо!

ЛИРАК: Каде е мама, татенце?

ТАТКОТО: Ослободи ми го патот.

ЛИРАК: Се зборува дека ти си ја убил... Што ни направи вака, татенце......

ТАТКОТО: Ништо не успеав да ве направам. Дури ни луѓе..

ЛИРАК: Кај е мама, а? Одговори! Кај е мама?

ТАТКОТО: На гроб. Таму кај што требаше да биде пред многу години.

ЛИРАК: (Го фаќа за врат, тресејќи го) Повлечи го тоа што го кажа татенце. Голтни го!Хе, ти остана во грло, а. Ќе ти помогнам јас татенце, Ќе ти помагам јас да проголташ. Татко си ми и те сакам многу, многу, многу......

Тогаш дојде птицата и му рече: “Ни овој не ти треба. Зборот беше да ти го земам тој што , во еден момент ќе го сакаш најмногу, со душа! Збогум!” И , синот остана сам!

12.

(Се вррти околу фигурите на шахот. Вика.)

Не знам! Не! Не знам. Не ми текнува ништо! Ништо не сакам да се сетам.!

(Застанува. Ја наведнува главата, рамењата му се тресеа од стенкање. Ја подигна главата. Еден насмев, како оној што произлегува после плачот. Молк.! Оди со наведната глава. Застанува пред белата кралица. Клекнува. И зборува на фигурата.)

Тој ден , кога ми побегна Зога, ми се причини дека ми се симна сонцето над глава!

ЗОГА: Никогаш веќе нема да ме видиш. Затоа што и ти си изрод од ова ѓубре.

“Ѓубре” му рече на мојот татко!

(Тишина.)

Ние се сакавме Зога. Секојпат повеќе се сакавме! Не делеше само средината на ноќта!По секоја разделба следеше моето тепање.! Не е ништо. Не ги чувствувам веќе тупаниците и клоците. Ме запали твојата лубов и ме нарави пламен. Јас те сакам и ти ме сакаш! Лага Тие што се сакаат не се губат. Барем, го одредуваат местото и времето на средбата. Јас те среќавав често! Само што се подготвував да те поздравам, ти ме плукаше “пху... пху... пху...

(Станува. Стенка. Се преправа како да и ги брише солзите на фигурата кралица. Го вади венецот и го става врз кралот, црната фигура. Потоа, пак седнува пред фигурата кралица. )

Твоите солзи, Зога ме погодуваат многу . Секоја капка од твоето солза е камен. Толку многу заплака што меѓу нас се издигна еден зид со солзени камења. Сега тој зид го допира и небото. Не е како зидот на твојата градина што таа ноќ не криеше од очите на светот.

Беше сама дома. Уште една недела и ќе станевме матуранти. Потоа, јас во Париз а ти во Скопјe! . Ме покани за гостин. Никогаш не ти ја кажав причината зашто таа ноќ дојдов кај тебе.. Имав потреба еднаш во мојот живот да поминам една ноќ без викотници. заканувања,удари и плач. Пред да дојдам кај тебе, отидов во еден локал, и се напив, едно по друго три чашки ракија. За прв пат во мојот живот! Не дека се чувствував маж , туку ги испразнив чашките за да г ја изгаснам срамот и стравот. Знаев дека ноќта ќе ја поминеме соблечени голи. Немаше веќе кај да оди. Кога ми ги виде трагите и знаците по телото почна да плаче. Овојпат не сакав да ме сожалува. Твојата утешна лубов ме заморуваше многу... Се чувствував како будала пред кого распрскуваат болките на душата... Се плеснавме на подот и по извесно време ти испушти едно офкање гризејќи ги усните. Се исплашив. Ти имаше крв меѓу нозете! Ја фатив главата со раце а ти ми рече дека не е ништо, дека вака требаше да се случи. Потоа повторно продолживме. Рековме дека нема да спиеме. На полноќ, голем дожд. Решивме да излеземе голи во дворот. Скокавме нагоре. Не од студот, туку ни се допаѓаше да се занесуваме точно како децата во дождот. Скокавме, се прегрнувавме, се бакнувавме, потоа легнавме на трева со залепени тела. Ми се причини дека те фатив за струк и те фрлив нагоре. Те фрлив еднаш, двапати, но кога те фрлив третиот пат ти висеше во воздух. На двете колеа ти се молев да се симнеш. А ти ми рече: “Не ме чекај! Не идам! Прекрасно е чувството да се биде ангел. ” Еден силен грмеж не исплаши двајцата. Во купатило коритото не чекаше полно со топла вода. Малку пред зората го изразивме стравот на оваа ноќ! Што ако после девет месеци бидеме тројца! “Ќе бидеме единаесетмина Зога! Јас ти и девет деца.”, ти реков на шега, а ти ме удри со прст во слепочницата.: “Еј, да ни си спобудалел, а! Девет! Само две деца!” Сепак се согласивме да бидат девет! Шега. Дојде најубавата! Почнавме да ги изразуваме желбите за нашите деца! Едниот ќе биде астроном, другиот нуркач, едниот сликар, ќерката оперистка, едната правничка а другиот економиста! И најубаво беше кога се согласивме едниот го направиме претседател на државата, другиот претседател на владата а другиот шретседател на собранието. Но, на која држава! Баравме една друг држава без народ, затоа што јас не сакав нашите деца да имаат работа со народот! Не чини! Подобро да имаат работа со добиток отколку со народ. Исто е- како на чело на народот, така и на чело на добитокот! “Кој, моите деца овчари! Никогаш”, почна да ме удираш а јас се смеев како луд. Потоа џабе те натерав да плачеш. Ти реков дека само што ќе ни се роди првото дете, јас ќе умрам. Добро е детето да порасне без татко! Ти не зборуваше веќе! Ја сврте главата настрана, наутро пијани од бессоние тргнавме за на школо! Потоа не се видовме една недела. Последниот школски ден, само што те видов од далеку, те поздравив кревајќи ја раката. Ти ме погледна со омраза и ми го сврте грбот! Зошто Зога? Зошто?

(Тишина.)

Жал ми е за твоите писма Зога! Не знам кај се! Овде ми рекоа дека ќе мо ги најдат. Само да се присетам што се случи тој ден, на крајот на играта шах . (Станува. Оди исплашен!) Не знам! Не знам да играм шах! Се плашам од победите! Победите навестуваат големи загуби, страшни.

Сите губат по нешто! Останува тагата! Тагата е за оние што остануваат без лубов, што им умира љубовта, што слично на жолтите лисја им паѓаат спомените од главата. Тие губат! Поразот е жива рана, што протекува и никогаш не се затвара. Смртта го наоѓа телото и го покрива. Само раните не може да ги најде, затоа, тие постојано остануваат отворени.

Завеса

Скопје 2007

На Растку објављено: 2008-08-01
Датум последње измене: 2008-08-04 10:54:10
 

Пројекат Растко / Проект Растко Македонија