Јавен конкурс за 6-тиот Салон на стрип „Велес 2008“

14, 15. и 16. ноември 2008.

Пропозиции:

Право на учество имаат сите стрип автори од сите земји во светот;

Должината на стрипот може да бие до 6 табли и да се испрати во квалитетна копија форма А4

Темата на стрип-делото е слободна

Текстот на стрипот може да биде на: македонски јазик (за авторите од Македонија), на јазиците на екс-југословенските републики (за нив) или на англиски јазик

Секој автор може да учествува само со по еден стрип

На еден стрип може да работат повеќе автори

Секој учсник да испрати :лична фотографија, кратка биографија со адреса,телефон, емаил како и година кога е стрипот направен

Сите пристигнати стрипови ќе бидат претставени на заедничка изложба на Салонот, и

Сите пристигнати стрипови ќе бидат прегледани и оценети од 3 члена киомисија која ќе додели следните Награди:

  • Прва награда „Златен стрип“
  • Втора и трета награда
  • Награда за сценарио
  • Награда за најдобар млад автор до 18 г.(плакета)

Напомена: Доколку се обезбедат парични награди)

Краен рок за пријавување е 1.ноември 2008. г, а стрипот треба да биде испратен на адреса:

СТРИП ЦЕНТАР НА МАКЕДОНИЈА
Ул. Васил Горгов бр 78,
1400 Велес, Р. Македонија
(со назнака :за Конкурсот)

На Растку објављено: 2008-04-28
Датум последње измене: 2008-04-30 12:47:35
 

Пројекат Растко / Проект Растко Македонија