Никола Сарајлија

Промени и спомени

во сеќавање на дедо ми – мојот
прв учител и воспитувач
поет и раскажувач

ПРОЛЕТ

мудроста на промените
длабоко во мракот
блеска


небесна завеса
сончев зрак
раскина


утринска насмевка
пролетно ветре
донесе


твоите питоми очи
моите луди страсти
ги смирија


пределот ме освојува
лесно во чекор
далечен


мирис на шаренолики
цветови во пролетен
сон ме опива


пејзажот ги осмислува
боите на залезот
таинствен


песната го открива
говорот и воздивот
секогаш поинаку


сонцето изнудува в радост
пролетна срамежлива смеа
распеана убост и младост
чувството во игра го слеа


светлоста ја крие невешто
изгубената невиност во
бесцелна смеа под yвездите
распрснати од срамежливост


вечерното небо со
полната месечина
минувајќи yвезден мост
откри сина светлина


погледни ме со ведра
насмевка уште еднаш
потем ако заминам
животот во спомени
неспокојно ќе мине


бранови скротени во погледот
зората ја будат од сребрен сон
ветрот на перницата се гнезди
уморен од скитање во бессон


сонце посакав - добив живот
yвезди посакав - добив детство
среќа посакав - добив младост
вечност посакав - добив смрт


молчењето кажува
повеќе од допирот
заскитан во времето


месецот на врвот
крвари во цветот
осамен


времето во непостојана
светлина на окото
одминува


ветрот ја остави
мислата во сенка
проколната


стивнати бури во просторот
сеќавање на иднината
будат


песната ако не смртта
сведочи за постоењето
маѓепсано


длабоко во зеницата
магловит привид
исчезнува


заминувајќи во неизвесност
можеби во безнадежност
остануваме

ЕСЕН

во сеќавање на дедо ми – мојот
прв учител и воспитувач
поет и раскажувач

СПОМЕНИ И ПРОМЕНИ

На Растку објављено: 2008-02-12
Датум последње измене: 2008-02-13 01:12:51
 

Пројекат Растко / Проект Растко Македонија