Св. Константин Кавасила

Канон на светите славни петнаесет тивериополски свештеномаченици

напишано
од
Светиот Константин Кавасила,
Архиепископот Охридски

препев од црковнословенски:
игуман Методиј (Златанов)

1997

КАНОН

Богородичен, глас 6, и кон светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, глас 8: Дело на Господин Константин Кавасила, архиереј на спомнатиот град:

Песна 1:

ирмос: Да му запееме на Господа, Кој го водеше народот свој: Отвори ја устата моја, Слове Божји, и слово вдахнови, пофали ги достојно Твоите свештеници и маченици.

Обата отстапника, Јулијан и Ариј, о Теодоре блажене, истовремено си ги поразил.

Борбите на Тимотеја свештенопроповедникот да ги воспочитаме, Евсевиевите, пак, трудови, благочесно верни да ги пофалиме.

богородичен: Чиста Богородице, Која воплотеното присносушно и пребожествено Слово надприродно Го роди, ние Те воспеваме.

Втор Канон, чиј акростих гласи: Прекрасно дело, пофалба на мачениците!

глас 1:

ирмос: Од горчлива работа се избави Израилот, непроодното како по суво го мина. Гледајќи, пак, врагот како пропаѓа, песна на Бога да му запееме, како на Добротвор Кој чудодејствува со мишка подигната, зашто се прослави.

На чесните маченици торжество денес радувајќи се да им празнуваме, по нивните молитви Бога и Господа да Го смилостивиме и со нивната слава радосно да се удостоиме.

Синови Божји по причастие бевте, делата Негови ги прославивте и слава неискажлива примивте, маченици, небесни блага и блаженство навистина сушто.

Со цврстината на умот најпрвин, Словото соприсносушно на Отецот објаснувајќи Го, Арија си го пострамил, потоа и отстапникот, со твоите зборови како пастир и маченик, си го поразил, мудар Теодоре.

богородичен: Планината божествена ја почитуваме, од која се отсече аголниот камен, неизречено приведувајќи го во соединување. она што беше разделено: вистинската Мајка Божја, - причината на нашето поправање.

повторно ирмосот: Од горчлива работа се избави Израилот, непроодното како по суво го мина. Гледајќи, пак, врагот како пропаѓа, песна на Бога да му запееме, како на Добротвор Кој чудодејствува со мишка подигната, зашто се прослави.

Тропар, глас 1:

Како добар одред војнички е и овој Христе Твој собор новособран. Не Си ги собрал дванаесет како Апостолите, туку уште тројца Си им прибројал, против прелеста - полк од свештени маченици.

Песна 3:

ирмос: Ти Си крепост за оние, кои на Тебе се надеваат: Со склоност спасителна кон Благиот Дух, мудри, како реките Петра, ја исполнувате Богомудрата дванаесетка.

Соборот на мудрите, богоизбран од Јерархот: монасите и јереите и ликот разнообразен денес да го воспееме.

Твојот свештен собор Господи, го разобличи беззаконството, дело исковано од најбеззакониот меѓу кнезовите.

На прамајката Ева, Ти поправање си ѝ била, началникот на животот на светот раѓајќи Го, Богородице.

Со мудроста и богатството свое, да не се фали смртникот, туку со верата Господова православна, повикувајќи кон Христа Бога и велејќи: на каменот на заповедите Твои утврди ме Владико!

Со песни божествени, богомудри, да го возвеличаме Тимотеја, кој Бога Го возвелича со живот добродетелен, и од Него сугуб венец прими, како јерарх и маченик Христов Богоизбран!

Со мисла најцврста, Јован и Петар, Теодор, Сергиј и Никифор, презвитери, престолот Божји го воспеваа, и со крвта своја како жртва, радувајќи се на Христа Му се принесоа.

Единствено трпение во две тела покажаа благомудрите левити Христови, смели копјеносци. Тома и Василиј, и со венци ним главите им се украсија.

богородичен: Неизглаголив е образот на Твоето зачнување и рождество, Дево Богородице, сосем недостижниот Син Божји бессемено Си Го зачнала и откако роди, Чиста, остануваш Приснодева.

втор ирмос: Во Оној, Кој на водите цврсто земјата ја утврди, и на дрво се распна со плот, во Него сета надеж на душата ја вложија, светиите, кои со меч заколение претрпеа.

Седален, глас 1: Да поитаме верни, мачениците Христови и сигурните застапници достојно да ги прославиме, како совршено коливо, како жртви и како жреци Христови: зашто овие Арија отстапникот до крај го уништија и со венци маченички блескаво се украсија.  Светли ѕвезди на Црквата Христова се покажавте мудри, со зраците на учењето блескајќи, со лачта на страданијата и со чудодејството на преславните чудеса: затоа денес вашиот свештен спомен верно, го празнуваме.

богородичен: Како облак на Божјата светлост присносушна, Дево, како ковчег и светилник и стомна и гора непосечена, пророците Те пророкуваа, Отроковице пречиста: зашто низ Тебе, во последните дни, бессемено Христос ни дојде, како што повела Отецот.

Песна 4:

ирмос: Го слушнав Господи: Лажливците поитаа да се потсмеат на сечесната проповед, но нив ги обузда остриот јазик на сечесните.

Идолската лага и злочестие го разобличивте и Христа Го проповедавте, победници над смртта, најсвештени.

Не на лажен Бог, повикуваа, на жртва му ги принесуваме нашите тела, туку како жртва благопријатна на Бога Му се принесуваме.

Храмот ваш, најсвештени, на камен го укрепивте, и непоколеблива примка за бесовите постанавте.

богородичен: За Богородица, Тебе Пречиста, сите просветени Те исповедаме, зашто сонцето на правдата Си Го родила, Приснодево.

втор ирмос: Го слушна некогаш Авакум гласот Твој, Себлаг Боже, и со страв повикуваше: ќе дојде Бог од југ, од планината засенета, светот да го спаси: слава ѝ на силата Твоја!

Патеката кон живот што води, испоснички ја поминаа, страдалнички благослов примија крепкиот Евсевиј, Комасиј славниот, Харитон и божествениот Даниил и сеславниот Јеротеј.

Пропадливото војување си го оставил мудар Сократе, на царот Христос си Му се потчинил охрабрен од Бога, и како совршено и благопријатно коливо на Бога си Му се принел.

Со свештени зборови да се воспеат Теодор и Тимотеј, Евсевиј и Комасиј, Теодор, Даниил, Петар, Никифор и Сократ, Харитон, Јован, Василиј и Тома, Јеротеј и Сегиј.

богородичен: За порта, поширока од небесата и за престол Те знаеме, и за повозвишена од серафимите, Сечиста: зашто Оној, Кој како Бог несместлив е во ништо, во Себе Си Го сместила и во прегратка Си Го носела како младенец, Оној, Кој на престолот на Отецот естеството наше го устоличи.

втор ирмос: Кога дојде времето да ни се јавиш во плот, пророкот рече: страдајќи Твоите свештеномаченици повикуваа призивајќи Те непрестано да им притекнеш Христе на благовремена помош.

Песна 5:

ирмос: Утренувајќи Ти повикуваме Господи: Топло носејќи го во себе апостолот Петар, Петра себлажениот ги разобличи нечестивите.

Нетрпејќи ги разобличувањата на јазикот највистинит, обете раце Петрови ги исекоа беззакониците. Едната од рацете отфрлена земјаќи ја, светлина ѝ донесе на таа што порано беше слепа.

богородичен: И по рождеството Дева Те воспеваме Богородице: зашто Ти Бога Словото во плот за светот Го роди.

втор ирмос: Незалезна светлина заблескај ни Христе, нам, кои со срцата Те воспеваме, и мир надумен дај ни, та од ноќта на незнаењето кон денот  на  заповедите Твои итајќи, да Те прославуваме Човекољупче.

Со живите догмати си го удавил, мудар Теодоре, најпрвин Арија, а потоа со потоците од крв и отстапникот, кој на висините хула фрлаше, а со нив и злоначалната змија со јазикот како и нив ја сотре.

Преподобно пред стадото си стоел, мудар, и застапник на Тиверијскиот град си бил, Тимотее, со чесно помажување со крвта своја луѓето си ги осветил, и радувајќи се во Светињата на Светите си влегол.

Од Никеја потекнаа со светлоста на страданијата, и со зраците на чудата Тиверискиот град светло го озаруваат, како најблескави светила, Тимотеј великиот, заедно со Теодор, Евсевиј и Комасиј.

богородичен: Неизгорувајќи ја Пречиста Дево Твојата утроба, од крвта Твоја неизменливо се воплоти Словото Божјо, како што повела, Него како една ипостас православно го учиме, во две естества и дејства, и волји.

втор ирмос: Оној, Кој со пет леба насити некогаш илјадници гладни, Тимотее, повторно низ тебе чудодејствува: зашто се јави неискажлив странопримец и патникот, порано ненаситен, со едно лепче го насити.

Песна 6:

ирмос: Да се очистиме Спасителу.

Не принесовте жртви на излеаните идоли, блажени, затоа благодерзновените ваши глави отсечени беа, а нив достојно небесниот Цар, најсвештено ги овенча.

Тиверискиот град и сета негова околина, мудри, од идолската прелест кон светлината на Богопознанието ги водевте, и со чуда и слова прелеста ја изгонивте.

Колива Божји и жртви божествени, најпрвин бескрвна жртва Нему Му принесовте, а потоа крвта своја на Оној, Кој се жртвуваше, Му ја жртвувавте.

богородичен: Да се избавиме од лути прегрешенија по молитвите Твои Богородице Чиста, и да ја примиме Пречиста божествената светлина, на од Тебе неискажано воплотениот Син Божји.

втор ирмос: Сиот од безмерни страсти сум заробен, и од лукавиот кит проголтан сум: но изведи ме, Христе, од пропаста како некогаш Јона и со вера покајание дарувај ми, Спасе, та со глас на пофалба и спасение со духот да Те примам.

Горе кон Господа умот свој си го возвел, влечен си бил по земја, удари си поднел и отсековање на рацете, и со меч главосечение: зашто разобличувањето од твојот јазик, Петре, злотворите не го поднесоа.

Им се фрлаат на пците твоите отсечени раце: жената, пак, која никогаш светлина не беше видела, десницата твоја падната крај нозете кога ја сети, ја грабна, ја сокри, ја однесе и кога при слепите очи ја принесе, видот го поврати.

Чесна е вашата смрт, светии, со неа бесконечен живот наследивте, зашто откако главите со мечови ги исекоа, со Христа Главата на сè - се соединивте, со победни венци украсени и нам спасение ни испросувате.

богородичен: Вишниот Бог раѓајќи Го, Сенепорочна, Си ја подигнала природата човечка, во понорот на злобата пропадната: затоа  Ти  се  молам   во  гревовната  тиња пропаднат, спасителната рака подај ми ја, и кон вишното спасение возведи ме.

втор ирмос: Две добра, Комасие славен воинствено си оставил, зашто тлениот а воедно и безвечен живот отфрлајќи го, и со страдание силникот победувајќи го, со два венца си се овенчал: мачеништво и божествено испосништво.

Кондак, глас 4:

Петнаесетобројни Христови страдалци, на Тивериопол верни заштитници, како светли ѕвезди денес блескаат: Тимотеј и Теодор славни јерарси, Евсевиј и Комасиј и божествениот Сократ, со десетмината соподвижници, со зраците на чудата на сите им блескаат.

Икос:

Чесни јерарси и божествени тајници на страшните тајни на Христовото пришествие, иако дрско е да запеам со душа и мисла од лути гревови помрачена, помош просам од висините, та со пофалби да ги овенчам светиите, кои во висините ги овенча Создателот, зашто обата мачитела  мажествено  ги   порачија,  Ариј најпрвин, па отстапникот, по чија заповед главите отсечени им беа, со зраците на чудата на сите им блескаат.

Песна 7:

ирмос: На Божјото снисходење: Тимотеј, Сергиј, Тома, Сократ, Петар, Василиј, Даниил, Никифор, Комасиј и Евсевиј, со двајцата Теодори, и Јован, Харитон и Јеротеј, верни, да ги воспееме!

И по скончанието на светиите, правта нивна полезно и чудотворно дејство источува, ние, пак, ги целиваме непрестано пеејќи: Благословен е Бог на отците наши!

Петмината од десетмината страстотерпци Христови, - чии духови ги содржи небесниот град секогаш неразделни, - ги раздвои бугарскиот цар приснопамјатен: пеејќи Благословен Си Боже на отците.

Како што единството на верата во едно ги собра, ги раздвои од нив земајќи пермина, и радувајќи се пееше: Благословен е Бог на отците наши.

Не само еден од градовите во жрепка им падна на Богопорповедниците. По Божја промисла и селата ги разделија меѓу себе, со вера повикувајќи: Благословен е Бог на отците наши.

троичен: Единствениот Господ на сите, Кого само Единородниот Син православно како Отец Го благословуваше, од Тебе вистинскиот исходечки Дух, соестествен и соприсносуштен.

втор ирмос: Како во брачна одаја, во неиздржливиот пламен на печката влегоа, за свети отроци на благочестието објавувајќи се: и складно песна пеејќи повикуваа: Боже на отците благословен Си. Со капките на крвта ваша, огнот на безбожноста го изгаснавте, и струите на чудата, реките од болести ги измиваат и верните ги избавуваат, кои пеат: На отците наши, Боже, благословен Си.

Меѓу недостојните и заборавни срца ве објавува Христос себогатиот, откако сокриени в земја во текот на многу лета, реки на чуда излевате, на оние кои воспеваат: Боже благословен Си.

Различни слабости одгонуваат и најлукави демони изгонуваат, мудрите маченици со благодатта, која моштите ваши ја излеваат на оние, кои на Христа Му пеат: Благословен Си.

богородичен: Надумно Си Го родила во времето, безвремено од Отецот заблесканото Слово, Него моли Го Дево, временитите и лути страсти на мојата душа да ги исцели, за да Ти пеам секогаш Благословена.

втор ирмос: Кладенец на чудеса и извор на безбројни изселенија, река на благодат, и очистување за душата, храмот е на светите Петнаесет: дојдете верни во него да се просветиме.

Песна 8:

ирмос: Седуммината: Разурнат најпрвин од нечестивите, храмот ги потрупа моштите на мачениците; но, во светиите прославениот Господ, им ги откри на благочестивите, за здравје на немоќните и за спасение на душите, на оние кои Христа Го благословуваат, во сите векови.

На расслабениот му дадоа исправање на нозете, на порано немиот, пак, благогласје, на прокажаниот очистување, на бесниот исцелување и на слепите повторно прогледување: за лекари божествени од Бога дарувани на стадото Христово му се јавија во сите векови.

Дрско влегувајќи во храмот, коњаникот одненадеж со коњот невидлив постана  во неговата неизбежната погибел кога ја видоа, злотворните   војници   во   страв   побегнаа, објавувајќи ја така на сите благодатта,  што на светиите од Господа им беше дадена.

троичен: Трисветлото единствено Божество, Кое ја заблескува светлоста на единственото триипостасно естество, родителот безначален, соестествениот Син на Отецот, и соцарствениот единосуштен Дух: отроци благословувајте Го, свештеници воспејте Го - луѓе превознесете Го во сите векови.

втор ирмос: Образ на натприродно чудо покажа огноносната печка некогаш: зашто огнот не ги изгоре младите деца, јавувајќи го Христовото бессемено од Дева рождество, затоа воспевајќи да повикаме: сета твар нека Го благослови и нека Го превознесува во сите векови.

Градот Никејски се фали со вашите пелени, Богоносни. Тиверијскиот, пак, со чудата се насладува и со страданијата се украсува, Теодоре божествен и Тимотее, Евсевие богоблажен и Комасие и со песни Го воспева Христа во сите векови.

Со свештени песни да ги воспееме Петар и Теодор, Јован, Никифор, Сергиј и Василиј, Тома, Харитон, Даниил и Јеротеј, со нив и Сократ себлажениот: сета твар нека Го благослови и нека Го превознесува во сите векови.

Благочесно, на оние кон пристапуваат, - исцеление на страстите и слабостите им даваат, на слепите гледање, на немите и глувите глас и слушање: на хромите исправање и сила на расслабените и разрешување на секое озлобување, - и коишто го воспеваат Христа во сите векови.

богородичен: Умртви ги, Богородице, страстните стихии на мојата бедна душа и оживеј го умот мој умртвен од страсти, со живоносното дејство на молитвата Твоја, за да Ти пеам Тебе севоспеана: сета твар нека Го благослови и нека Го превознесува во сите векови.

втор ирмос: Чуда боголепни и величја од гробот излеваат светиите денес: дојдете сите Тиверијци, радосно да ги примиме, црпејќи благодат и милост од чесениот ковчег со нивните мошти, превознесувајќи Го Христа во сите векови.

Песна 9:

ирмос: Се ужасна од ова небото: Тимотеј, Комасиј и Тома, Евсевиј божествениот, Сергиј и Даниил, Сократ и мудриот Харитон, Василиј и Петар со чудесниот Јеротеј, двајцата Теодори, Никифор навистина победоносен со Јован, да ги ублажиме.

Непорочно свештениците свештенството го запазија, за Христа Кој ги испитува срцата и утробите, испосници убиени, кои пред убиството илјадници на крајот примивте.

Божествена награда за трудот примивте, Петнаесет славни маченици, - непосредно да ја гледате убавината Христова, - со неа наситувајќи се озарете нè богато и нас, кои го фалиме вашиот божествен спомен, маглата на страстите изгонејќи ја.

богородичен: Си се јавила, о Дево, - Мајка Божја, Која натприродно Го роди благото Слово, Кого Отецот од Своето срце пред сите векови Го излеа: Него и сега за повозвишен од телесните Го почитуваме, иако во тело се облече.

втор ирмос: Безначалното Слово, Бог и Господ, со наитието на Божествениот Дух, и според благоволението на Отецот во утробата Твоја се всели и бессемено се роди, Чиста, и нас нè обнови, затоа Те величаме.

Ужасно чудо и восхит страшен, зашто дрзнувајќи се, коњаникот заедно со коњот, во славниот ваш храм да влезе, светии, невидлив постана, престрашувајќи ги сите што видоа.

Да поитаме сите сложно почитувајќи го тројно-петобројниот полк од беспрекорни Христови војници и топло да повикаме: по нивните молитви, Преблаги, од страстите и бедите и прегрешенијата избави нè.

Како непоколебливи столбови на благочестие, светии, од секое еретичко лажно учење пазејте го стадото ваше, избавувајќи го него од сите искушенија и од разни опасности, присноблажени.

богородичен: Како на трпеза на животот, Лебот Си Го сместила, Отроковице, Кој секого го храни со сетворечкото осенување, и со градите Си Го доела како младенец: Него воспевајќи Го како Бог, Тебе за вистинска Богородица Те исповедаме.

втор ирмос: Чудесна тајна и преславна гледам: храм, рај, дрво на животот, светиите среде него седнати во заедница, по нивните молитви Боже спаси го народот наш.

Тропар, глас 3:

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски, светители, свештеници и левити: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се јавија. Овие Петнаесет демонските сили ги изгонат и на верните здравје им даруваат.

Тропар, глас 4:

Со пост плотта ја умртвија, словото на благочестието го исповедаа, го презреа земното и Христа го повелаа. Мудри страдалци Петнаесет, на мачителите благомудро им се воспротививте и со венци страдалнички се овенчавте, и исцеление им излевате на оние што при вас пристапуваат.

На Растку објављено: 2007-12-22
Датум последње измене: 2007-12-22 12:49:59
 

Пројекат Растко / Проект Растко Македонија